• Thursday, 03 October 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 1 септември 2024 

Единствено фијаско се погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот во сите сфери. СДСМ без помпа и слободно излезе денес да ги поддржи наставниците кои бараат повисоки плати кои ги заслужуваат. Притисоците кои го прави ВМРО-ДПМНЕ и навредите кон оние кои се противат на лошите политики се одраз на стравот од оние кои се надеваа на праведност и почит - просветните работници.


Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија. 


Иако им ветуваа поголеми плати на наставниците како опозиција, само што седнаа во фотелјите ја сменија плочата и сега велат нема пари. Тоа веќе не е фијаско туку се вика лажење!


СДСМ 7 години ги покачуваше платите на наставниците дури и во ковид кризата и за време на енергетската криза. Секој септември се покачуваа платите на наставниците и кумулативно зголемувањето достигна 55%.


Мицкоски и ДПМНЕ го погазија достоинството на наставниците кои се клучна алка за подобар образовен процес на идните генерации. 


Доста се правдате и лажете по прес конференции од белиот дворец, земете работете и покачете ги платите на наставниците.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива