Реакции на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“ околу случувањата на собраниската Комисија за социјална политика
- Во тензична атмосфера и денеска помина седницата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред имаше само една точка - Предлог измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. И денеска пратениците на СДСМ побараа да се дополни дневниот ред со Законот за правата на бранителите, но претседавачот на Комисијата пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи нагласи дека таа е назначена да ја води оваа седница на Комисијата само со една точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата од Коалицијата „Влен“ истакнаа дека законот за бранителите нема да помине се додека со закон не се реши и статусот на поранешните припадници на ОНА. По ова, пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.
- Post By Фатиме Фазљији
- 17:15, 14 March, 2025

You need to login to view this page en