• Friday, 24 January 2025

Работилница под наслов “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”

Работилница под наслов “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - Советот на Амбасадори на Северна Македонија во соработка со Советот на амбасадори на Албанија и учество на партнерските организации - Атлантски совет од Босна и Херцеговина, Институт за одржлив демократски развој од Косово и Нов хоризонт од Црна Гора, денеска во Скопје организира работилница под наслов: “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”.

Притоа, акцент ќе биде ставен на вештините во дипломатската комуникација, како и комуникацијата меѓу граѓанските организации и граѓанските општества во земјите од регионов за промени во позитивна насока.

Работилницата е дел од регионален проект поддржан со грант од ЕУ/ Фонд за Западен Балкан.

Воведно обраќање ќе има претседателот на Советот на македонски амбасадори, Ѓорѓи Филипов и претседстелот на Советот на албанските амбасадори,  Генци Муцај. Ќе присуствуваат околу 70 претставници на невладини организации од државава, како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. сст/вг/

фото: Лого Совет на амбасадори на РСМ