• Friday, 14 March 2025

Путин вечерва на затворена средба со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф

Путин вечерва на затворена средба со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф

Москва, 13 март 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин вечерва ќе одржи средба во затворен формат со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф. Ова го соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, во изјава за весникот Известија, пренесува ТАСС.

Авионoт со американскиот претставник пристигна на московскиот аеродром „Внуково 2“ денеска околу 12:30 часот по локално време.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека американски дипломати, кои се вклучени во преговорите за решавање на конфликтот во Украина, патуваат кон Русија и дека за денеска се планирани соодветни состаноци.ссм/

фото: ЕПА архива