• Wednesday, 04 March 2026

Промоција на монографијата „Мојот пат“ посветена на доајенот на македонската балетска уметност, Антон (Тони) Баталаковски

Промоција на монографијата „Мојот пат“ посветена на доајенот на македонската балетска уметност, Антон (Тони) Баталаковски

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Промоција на монографијата „Мојот пат“ – посветена на една од позначајните личности во историјата на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаковски, ќе се одржи вечер со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет. 

Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски, која на сеопфатен и документарно вреден начин го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на настани, судбински предизвици и остварени соништа.

-Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска дејност, педагошката и репетиторската работа, како и бројни сеќавања за ликот и делото на уметникот. Како првенец на Балетот и како прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет, Тони Баталаковски со својата визија и посветеност остави длабок и траен белег во институционалниот и уметничкиот развој на македонскиот балет. Монографијата „Мојот пат“ претставува сведоштво за едно време, една професија и една исклучителна животна мисија, оставена како трајно културно наследство за идните генерации, наведуваат авторите на монографијата.

Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам. вг/

Фото: плакат

 

 

You May Also Like