Промоција на книгата „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско"
- Во Археолошкиот музеј денеска ќе се одржи промоција на четвртата книга од серијата монографии „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско" од м-р Радомир Ивановиќ. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Каролин С.Снивели од САД и проф. д-р Бојан Џуриќ од Словенија.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Во Археолошкиот музеј денеска ќе се одржи промоција на четвртата книга од серијата монографии „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско" од м-р Радомир Ивановиќ. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Каролин С.Снивели од САД и проф. д-р Бојан Џуриќ од Словенија.
Оваа книга произлегува од истоимената магистерска теза на Ивановиќ, со наслов „Architectural elements of the Episcopical Basilica at Konjuh, R. Macedonia“ одбранета во 2021 година на Универзитетот во Љубљана, Словенија, под менторство на проф. д-р Бојан Џуриќ.
Тезата претставува истражување на градежните работи на Епископската базилика, со фокус на архитектонските елементи од овој објект и потеклото на материјалот што се користел во изградбата.
Градот кај Големо Градиште, близу до денешното село Коњух, е еден од попознатите доцноантички центри во Република Северна Македонија. Неговата стратегиска, природно одбранлива локација, која го вклучува високиот акропол и северната тераса опкружена со Крива Река од три страни, го направил градот многу привлечен во проблематичните времиња на доцната антика.
Претходно, проф. д- р Бојан Џуриќ ќе одржи предавање „Студии за каменот во античката археологија“.бт/мд/
Фото: плакат