• Saturday, 06 December 2025

Промовирана книгата „Милениумски опстој“ од Јован Мазгански

Промовирана книгата „Милениумски опстој“ од Јован Мазгански

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Во Домот на културата „Кочо Рацин"-Скопје  денеска е  промовирана книгата „Милениумски опстој“ од авторот Јован Мазгански.

Промотор на книгата беше Благојка Филипчева, која е и автор на рецензијата во книгата на Јован Мазгански. Во промоцијата учествуваа и стихови интерпретираа: проф д-р Виолета Ачкоска, м-р Лилјана Стоилковска,проф. Билјана Тодоровска Димулкова. Музички настап имаше Ванчо Арсов кој исполни повеќе популарни теми.

 Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни  уметности, дизајн и архитектур, во име на Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, на промоцијата рече дека оваа книга како и самата биографија на авторот  е амбивалентна и преполна со разнообразни  факти со кои ги посочува своите светогледи поврзани со разнородни сфери на искоснкото во личната и колективан меморија.

- Тој со својата интелектуална ерудиција, непосредни разнородни искуства и животна мудрост   успева  впечатливо да обединува повеќе разнородни сегменти, кои с епреточени во поетски сликопис на разнородно време кое обединува лични и глобални аспекти  и разнородни дискурси, преточени во поетика на лирското, патриотското, носталгичното...со ненаметлива, непосредна, а сепак  сугестивна метафора од непатворен израз и неговиот поетски свет предизвикува голема љубопитност  да се осознае релацијата помеѓу напластените сегменти на разнородните  животни искуства, помеѓу рациото, мудроста, сетилноста и кревкоста, и сисконските пориви кои тлеат во зародишот на архетипот кон запазувањето на битовото , на идентитетот, на огништето, како завет  за запазување на милениумскиот континуум на  овие наши и идни поколениа, истакна во своето обраќање Виолета Калиќ.

Пригодно обраќање имаше и новинарката Валентина Ѓеорѓиевска Парго. лв/бак/

фото: Дом на култура „Кочо Рацин"-Скопје