• Wednesday, 16 October 2024

Продолжува изградбата на штипскиот спортско-рекреативниот центар „Џексон“

Продолжува изградбата на штипскиот спортско-рекреативниот центар „Џексон“

Штип, 16 октомври 2024 (МИА) - Продолжуваат активностите за изградба на спортско - рекреативнот центар „Џексон“. Паузата од месец дена беше заради промената и измената во тек на изградба информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип,  Иван Јорданов. Тој истакна дека денеска за шест месеца, со продолжување на активностите на терен треба да биде завршен проектот и граѓаните да го користат спортско- рекреативниот центар.

-Заради промена и измена во тек на градба со цел и во насока на зголемување на трибинскиот простор и рационално искористување на просторот на СРЦ „Џексон“ имавме одреден застој во активностите во изминатиот месец дена. Но, по измените се продолжува со активности, изјави Јорданов.

Во нареднта половина година ќе се работи на нови трибини, соблекувални, тоалети и се она што е неопходно за да се добие посакуваниот изглед. Освен натпреварувања од спортски карактер овде ќе се реализраат и манифестации, како што се концерти и слично.

-Она кое ќе следува е изградба на трибински простор на три дела, поставување на челина конструкција, подтрибински простор, нови соблекувални и тоалети и нова подлогал, која ќе овозможи натпреварувања од најсовремен ранг, вели Јорданов.

Капацитетот на новиот спортско рекреативен центар „Џексон“ ќе биде за 1.000 посетители и ќе има повеќенаменски карактер. Инаку средствата се обезбедени од страна на буџетот на Владата, во износ од околу 70 милиони денари. вдј/дма/

Фото: МИА