Продолжение на 16-тата собраниска седница
- Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.
Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) – Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.
Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка.
На дневниот ред е и Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“.
Во рамките на истата седница вчеравечер Собранието донесе девет законски решенија, по скратена постапка. вј/мд/
Фото: Принтскрин