Пријава за психичко насилство врз малолетничка во Кочани преку социјални мрежи
- Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека вчера (25 март) во 15:40 часот, 42-годишна жена пријавила случај на психичко насилство врз нејзината малолетна ќерка.
Кочани, 26 март 2026 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека вчера (25 март) во 15:40 часот, 42-годишна жена пријавила случај на психичко насилство врз нејзината малолетна ќерка.
Според пријавата, подолг временски период девојчето било изложено на навреди и омаловажување од нејзина соученичка, на која подоцна ѝ се приклучиле и други малолетници. Насилството се одвивало преку социјална мрежа, каде била формирана група во која ја навредувале, а покрај тоа, таа често била и телефонски вознемирувана.
Како последица на ваквото однесување, малолетничката повремено имала здравствени проблеми и ѝ била укажувана медицинска помош.
Мајката на девојчето информирала дека за случајот ја известила и мајката на другата малолетничка, а разговарала и со класниот раководител, како и со педагошко-психолошката служба во училиштето.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот. ис/дма/
фото: МИА