Привремено затворена Амбасадата на Швајцарија во Иран
- Амбасадорот на Швајцарија и пет дипломати вчера заминале од Иран по копнен пат, а најавија враќање штом „дозволи ситуацијата“
- Post By Марина Илиевска
- 07:48, 12 March, 2026
Берн, 12 март 2026 (МИА) – Швајцарија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран поради „сè поголем безбедносен ризик“, соопштија синоќа швајцарските власти.
Амбасадорот на Швајцарија и пет дипломати вчера заминале од Иран по копнен пат, а најавија враќање штом „дозволи ситуацијата“.
Владата на Швајцарија соопшти дека во консултации со заинтересираните земји „ќе продолжи да одржува отворена комуникациска линија помеѓу САД и Иран“.
- Швајцарија со децении ги застапуваше американските интереси во Иран. Американската администрација ја почитува одлуката на швајцарската влада и е длабоко благодарна на преданоста на Амбасадата и нејзиниот персонал. Нивната работа останува клучна за заштита на американските интереси и за поддршка на нашите граѓани, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Берн. ми/мс/
фото: МИА архива