Приведен кавадарчанец, возел брзо и под дејство на алкохол
- Приведен бил маж од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.

Кавадарци, 31 март 2025 (МИА) - Приведен бил маж од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
- На 29 март во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци. Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека по извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за „Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта.
-Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес. свд/мд/
Фото: МИА архива