• Thursday, 13 March 2025

Приведено лице од село општина Дебрца поради управување возило под дејство на алкохол

Приведено лице од село општина Дебрца поради управување возило под дејство на алкохол

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево, синоќа во 23:49 часот на магистралниот пат Кичево - Охрид, го лишиле од слобода М.Ц. (50) од село Мешеишта, општина Дебрца поради управување возило под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/ац/

Фото :МИА архива