• Saturday, 27 July 2024

Приведени двајца крадци од Скопје, се обиделе да ограбат малолетници

Приведени двајца крадци од Скопје, се обиделе да ограбат малолетници

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Полицијата синоќа во 20 часот на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.

Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор во полициска станица.

- По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението. мд/дма/

Фото: МИА архива