Приватните превозници во Скопје и утре нема да возат
- Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците. Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои денеска попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.
You need to login to view this page en