Претседателот на Собранието, Гаши на Економската конференција/Б2Б во Истанбул
- Како што соопшти собраниската прес-служба, во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи посветеноста на институциите кон поддршка на синергијата меѓу бизнис-заедниците, преку создавање поволна клима за инвестиции, промовирање отворен дијалог со претприемачите, олеснување на административните бариери и градење средина што гарантира заеднички и одржлив развој.
- Post By Виолета Геров
- 17:50, 31 January, 2026
Скопје, 31 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Истанбул, се обрати на Економската конференција/Б2Б, организирана од Глобалната мрежа на албански бизниси, значајна платформа за унапредување на економската соработка и воспоставување нови партнерства меѓу албанските бизниси.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи посветеноста на институциите кон поддршка на синергијата меѓу бизнис-заедниците, преку создавање поволна клима за инвестиции, промовирање отворен дијалог со претприемачите, олеснување на административните бариери и градење средина што гарантира заеднички и одржлив развој.

-Тој ја поздрави Глобалната мрежа на албански бизниси за оваа значајна иницијатива, која поттикнува нови проекти и создава нови мостови на соработка што ги поврзуваат луѓето, пазарите и државите, стои во соопштението. вг/
Фото: Собрание на РСМ