• Friday, 25 October 2024

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје вчера во 13.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(35) од Скопје.

МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. цр/са/

Фото: МИА архива