• Thursday, 23 January 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прекин во работењето на системот е-Даноци

Прекин во работењето на системот  е-Даноци

Скопје, 15 јануари 2025 (МИА) - Системот е-Даноци денеска од 16:30 часот ќе биде недостапен поради извршување неопходни интервенции, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот повторно ќе биде ставен во функција.

-Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници  непречено ќе може да  поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН). Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата, наведува УЈП.

Според Управата, целта на интервенциите е усовршување и оптимизација на е-Даноци за уште поефикасни и побезбедни  услуги. мч/дма/

фото: МИА архива