• Friday, 27 December 2024

Превентивни активности за штетноста од пиротехничките средства во Лабуништа

Превентивни активности за штетноста од пиротехничките средства во Лабуништа

Струга, 26 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во придружба на дефектолог и педагог во Oсновнотo училиште „Мурат Лабуништи“ во селото Лабуништа одржаа превентивно едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пред учениците и родителите, како што појасни, низ интерактивен пристап ја потенцирале опасноста од користење петарди и други пиротехнички средства.

- Им се укажа на можните повреди и нарушувања на психо-физичкото здравје кое петардите можат да го предизвикаат кај луѓето, посебно кај младата популација. Секако, учениците и родителите беа запознаени и со казнените одредби со кои се санкционира нелегалната употреба и продажба на пиротехника, истакна Димоски. сс/мд/

Фото: МИА 

You May Also Like