Првите 100 дена на Герасимовски: Градежна офанзива во Центар, реконструкција на улици и подготовки за Дом за стари лица
- Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во Тема на денот на ТВ Сител посочи дека првите 100 дена од неговиот мандат започнале со конкретни инфраструктурни зафати и реализација на ветените проекти. Меѓу првите активности е реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од Министерството за култура до булеварот „Партизански одреди“, во населбата Дебар Маало. Проектот се реализира во соработка со Светската банка и претставува значаен инфраструктурен зафат за овој дел од Центар, се вели во соопштението од Општина Центар кое МИА го објавува интегрално.
You need to login to view this page en