Пратеник на Путин: Светот денеска стана многу побезбедно место
- Кирил Дмитријев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека под водство на неговиот шеф и американски претседател Доналд Трамп, светот денеска стана многу побезбедно место.

Москва, 18 март 2025 (МИА) – Кирил Дмитријев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека под водство на неговиот шеф и американски претседател Доналд Трамп, светот денеска стана многу побезбедно место.
Белата куќа пред околу половина час соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин е завршен.
Повикот траел околу час и половина.
Други детали засега не се соопштени. јт/
Фото: МИА архива