• Monday, 13 May 2024

По нападите на Хамас: Најмалку 260 тела се пронајдени на музички фестивал, соопшти израелска спасувачка служба

По нападите на Хамас: Најмалку 260 тела се пронајдени на музички фестивал, соопшти израелска спасувачка служба

Тел Авив, 8 октомври 2023 (МИА) - Израелската спасувачка служба Зака соопшти дека најмалку 260 тела се извадени од музички фестивал кој беше под напад на Хамас.

Локалните медиуми известуваат дека очајните родители се обидуваат да дознаат нешто повеќе за своите деца, кои биле на рејв забава.

Видео емитувано од израелските медиуми покажува дека десетици посетители на фестивалот како трчаат низ отворено поле додека одекнуваат истрели.

Многумина се сокриле во околните овошни насади или биле застрелани додека бегале.

Се очекува бројот на загинати да се зголеми бидејќи медицинските екипи не завршиле со проверките на областа. ссм/

фото: принтскрин ЗАКА