Собранието дополнително ќе определи датум кога ќе гласа за членовите на Советот на ААВМУ за кои е потребно двотретинско мнозинство
- Пратениците денеска не гласаа за кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја води седницата, рече дека ќе биде определен дополнителен датум за гласање по оваа точка од дневниот ред, на што реагираше пратеникот од Демократската унија за интеграции Блерим Беџети, според кого се исполнети условите за гласање. За да биде изгласана оваа точка од дневниот ред потребно е двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство.
![Собранието дополнително ќе определи датум кога ќе гласа за членовите на Советот на ААВМУ за кои е потребно двотретинско мнозинство](https://mia.mk/images/20250213153606_big_730x400_28.webp )
You need to login to view this page en