Почна реконструкција на улици во кумановските села Речица и Романовце
- Општината за реконструкција на улиците во ова населено место одвои над 16 милиони денари. Градежните активности на терен ги изведува кумановска компанија. Жителите на Речица, бараа санација на улиците, за побезбедно движење на пешаците. Во Речица, село во северниот дел од Куманово живеат околу 500 жители.

Куманово, 8 јули 2025 (МИА) - Почна реконструкцијата на улици во село Речица, кумановско, информираа денеска надлежните од општината.
- Во тек е поставување на бетонски рабници на краците „1“, „2“', „3“, „4“, „5“ и „6“ во село Речица, по што следува нивно асфалтирање, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Општината за реконструкција на улиците во ова населено место одвои над 16 милиони денари. Градежните активности на терен ги изведува кумановска компанија. Жителите на Речица, бараа санација на улиците, за побезбедно движење на пешаците. Во Речица, село во северниот дел од Куманово живеат околу 500 жители.
Општина Куманово вложува и во населбата „Тоде Мендол“. Според информациите на надлежните, таму се реконструираат неколку улици ‚2002″ со краци „1“, „2“ и „4“, како и дел од улицата ‚‚Веселин Вујоски“. За реконструкцијата одвоени се околу, 1, 7 милиони денари.
Во меѓувреме, како што соопшти кумановскиот градоначалник, Димитриевски, започна пробивање и тампонирање на пристапниот пат во должина од 350 метри до манастирскиот комплекс „Света Богородица“, „Свети Јован“ и „Свети Трифун“ во село Романовце. ам/нд/
Фото: Општина Куманово