Почна мировниот самит за Украина, Фон дер Лајен против замрзнување на конфликтот
- Во швајцарското одморалиште Бургеншток денеска почна мировниот самит за Украина, на чие отворање претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека замрзнувањето на конфликтот во Украина не е решение, туку рецепт за идни војни.
- Post By Марија Спасовска
- 19:45, 15 June, 2024
![Почна мировниот самит за Украина, Фон дер Лајен против замрзнување на конфликтот](https://mia.mk/images/20240615194536_big_730x400_9.webp )
Бургеншток, 15 јуни 2024 (МИА) - Во швајцарското одморалиште Бургеншток денеска почна мировниот самит за Украина, на чие отворање претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека замрзнувањето на конфликтот во Украина не е решение, туку рецепт за идни војни.
-Замрзнувањето на конфликтот денес, со окупирање на украинската земја од странски воени трупи, не е решение. Тоа е рецепт за идни војни. Наместо тоа, неопходно е да се поддржи сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина. Оној кој и го враќа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече Фон дер Лајен, пренесоа британските медиуми.
Самитот на кој присуствуваат околу 100 делегации почна без францускиот претседател Емануел Макрон, кој доцни, пренесуваат швајцарски медиуми. мс/
фото: ЕПА