Почина Костадинка Палазова, доајен на македонската изворна песна
- На 87 годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова. Жалната вест ја пренесоа од нејзиното семејство и потврдија дека синоќа (28 јануари 2026 година) починала по кратко боледување во Гостивар каде и постојано живееше. Таа на музичката јавност ѝ беше позната како доајен на Македонската народна песна. Костадинка Палазова низ кариерата соработувала со многу значајни композитори и продукциски куќи. Во музичката ризница ќе остави над тристотини снимени народни песни, кои потекнуваат и тематски се врзани за егејскиот крај. Со ова, Палазова се вбројува меѓу македонските автори и пејачи кои оствариле завидна артистичка кариера.
You need to login to view this page en