• Sunday, 29 September 2024

Потонала кинеска нуклеарна подморница

Потонала кинеска нуклеарна подморница

Вашингтон, 27 септември 2024 (МИА) – Неименуван висок претставник на американското Министерство за одбрана изјави дека најновата јуришна кинеска подморница на нуклеарен погон потонала во мај или јуни.

Тој истакна дека сè уште не е позната причината за потонувањето и дали во подморницата имало нуклеарно гориво.

Според него не е изненадување што кинеската морнарица се обидела да го скрие инцидентот.

Портпаролот на Амбасадата на Кина во Вашингтон изјави дека не се запознаени со ситуацијата и оти во моментот немаат информации.

Кина ја има најголемата морнарица во светот, со над 370 бродови, а почна и производство на нова генерација нуклеарни подморници. Од 2022 година, таа имаше шест подморници со балистички ракети со нуклеарен погон, шест јуришни подморници на нуклеарен погон и 48 јуришни подморници на дизел, според извештајот на Пентагон за кинеската војска.

Во извештајот на американското Министерство за одбрана се наведува и дека се очекува Кина до 2025 година да има 65, а до 2035 година да има 80 пподморници. ми/

фото: ЕПА