• Wednesday, 12 March 2025

Постхумна средба во спомен и почит кон просветителско-педагошкото дело на проф Ленка Гогоска (Попоска)

Постхумна средба во спомен и почит кон просветителско-педагошкото дело на проф Ленка Гогоска (Попоска)

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Во организација на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, денеска во Домот на културата „Билјана Беличанец “ во Кисела Вода ќе се одржи постхумна средба во спомен и почит кон просветителско-педагошкото дело на проф Ленка Гогоска (Попоска) со наслов „65 години просветителска, учебникарска и хуманитарна дејност “

На средбата, како што соопшти Сојузот на просветни работници, ќе зборуваат колеги, професори, наставниции студенти на професорката како и претставници од Агенцијата за иселеништво, а ќе биде прикажан дел од документарниот филм направен за неа во 2007 година.

Ленка Гогоска (Попоска) во својот професионален живот го изоде патот на образованието од учителка, наставник, советник во Заводот за школство на град Скопје, професор на факултет се до пензионирањето, на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. После пензионирањето со несмален интензитет работеше на учебникарската и публицистичка дејност, создавајќи дела кои се и паметник и патоказ за најзначајниот дел од општествениот раст а тоа е образованието и воспитанието.

-Како нејзин завет што го исполни семејството во октомври 2024 година, беше доделена донација од нејзини 3000 книги за сите македонски училишта, библиотеки и Црковни општини во светот, со поддршка на Агенцијата за иселеници. мНејзината мисла која ја зборуваше секогаш беше „Да се зборува и твори на нашиот мајчин македонски јазик е привилегија но да се има таа можност да се образуваат нови генерации, е Божји благослов“, велат од  Сојузот на просветни работници. дма/мд/

Фото:  Сојуз на просветните работници на Република Северна Македонија