• Saturday, 09 November 2024

Постапка за загрозување на сигурноста на уставен судија

Постапка за загрозување на сигурноста на уставен судија

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.

- На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Со казнениот налог, како што се додава во соопштението, обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата. дма/сст/

Фото:МИА архива

You May Also Like