Портрет на Џон Кенеди - најурнебесниот меѓу политичарите: Како еден сенатор го чува Уставот и како во Вашингтон да докажеш дека не си глупав
- Она со што најмногу привлекува е уникатниот хумор, говори полни со народни метафори. Сенаторот користи јужначки акцент, суров е и директен кон соговорниците, без лажна политичка коректност. Периодов во фокусот му се миграциските прашања. Минатата недела на седница на Сенатот најави дека ќе ги брка своите колеги-сенатори „како да му го украле Божик“ само за да прифатат закон за идентификација на гласачите на избори со американско државјанство и лична карта со фотографија. Во негов стил, мртов-сериозен на крај се шегува со неколку сенатори демек им го греши името, со цел да ги прозве за гласање. „Дали е тоа во ред за тебе, Макс? Ооо, ти не си Макс. Ти си Бред. Во ред“, вели републиканецот. Со вакви потези, тој успева да го задржи вниманието – и на јавноста, и на политичката сцена. Инаку, колку за информација на обичниот македонски гласач кој остава отпечаток од прст при гласање, а претходно беше прскан со спреј итн, во САД сега може да се гласа без лична карта.
- Post By МИА Агенција
- 14:34, 22 March, 2026
You need to login to view this page en