• Wednesday, 01 April 2026

Поранешниот малезиски премиер Разак треба да плати глоба од 1,3 милијарда долари поради злоупотреба на службена должност и перење пари

Поранешниот малезиски премиер Разак треба да плати глоба од 1,3 милијарда долари поради злоупотреба на службена должност и перење пари

Куала Лумпур, 31 март 2026 (МИА) - Судот на Малезија денеска нареди поранешниот премиер Наџиб Разак, кој е во затвор од 2022 година, да ѝ плати 1,3 милијарда долари на поранешната филијала на државниот фонд „1Малезија девелопмент берхард“ (1МДБ), кој беше вмешан во корупција.

Врховниот суд во Куала Лумпур пресуди дека Разак е одговорен за загубите што ги претрпе „СРЦ интернешнл“, поранешна подружница на 1МДБ, односно поранешниот премиер ја злоупотребил власта и средствата од СРЦ ги користел за лична корист.

Разак издржува затворска казна од август 2022 година кога беше прогласен за виновен за корупција и за перење пари. Тој исто така треба да плати и глоба во висина од 12,4 милиони долари.

Малезиските и американските истражители тврдат дека најмалку 4,5 милијарди долари биле украдени од државниот фонд 1МДБ, формиран во 2009 година, а коосновач беше Наџиб. Во декември Наџиб беше осуден на уште 15 години затвор и казнет е со 2,8 милијарди долари за злоупотреба на службената должност и перење пари во најголемиот корупциски скандал. Тој негира какво било кривично дело и се жали на пресудата. ми/јт/

фото: ЕПА