• Wednesday, 17 July 2024

Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип

Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште. 

Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца. 

Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации. бак/ев/

Фото: МИА архива