• Friday, 06 February 2026

Поради дефект, утре без вода дел од Центар

Поради дефект, утре без вода дел од Центар

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект на ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј 48, утре прекинато водоснабдување ќе има дел од оваа улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително ЈЗУ Здравствен дом „Железничар“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со санација на дефектот. сст/са/

Фото МИА архива