• Sunday, 28 July 2024

Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата

Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата

Сакраменто, 27 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.

Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, јави Си-Ен-Ен. паг/

Фото: МИА архива