• Sunday, 28 July 2024

Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“

Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“

Киев, 26 јули 2024 (МИА) – Склучувањето договор со Русија за завршување на војната со Украина би било еднакво на склучување договор со ѓаволот, изјави високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак за американските медиуми.

Според него, договорот ќе му даде време на рускиот претседател Владимир Путин да ја зајакне својата армија и да премине во нова, можеби пожестока фаза на војната.

- Да, може да има замрзнување на конфликтот некое време. Но, тоа значи дека Русија ќе работи на своите грешки и ќе ја модернизира својата армија. Земјата агресор не дојде на територијата на Украина за да потпише мировен договор, посочи Подољак. ми/

фото: МИА архива