• Saturday, 19 October 2024

Повредите му ја уништија кариерата: Поранешниот ас на Рома и Марсеј кажа крај

Повредите му ја уништија кариерата: Поранешниот ас на Рома и Марсеј кажа крај

Џенова, 18 октомври 2024 (МИА) - Холандскиот играч за врска, Кевин Стротман објави крај на кариерата.

Стротман, чија кариера беше одбележана со сериозни повреди и не можеше целосно да го исполни својот потенцијал, престана да игра активно на 34 години.

– На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам фудбал – напиша Стротман на социјалните мрежи.

Стротман е без клуб од јули годинава, а претходно играше за Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј, Каљари и Џенова.

За холандската репрезентација од 2011 до 2019 година одигра 46 натпревари и постигна три гола. дс

Фото: Принтскрин