• Tuesday, 11 November 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Скопје, 15 јули 2025 

Со измените на кривичниот законик се решава вековната борба и децениската заложба од политичките партии како активни чинители во општеството и заложба на граѓанските организации за ставање под контрола на семејното насилство.

Со следните измени на кривичниот законик се предвидува дека за кривичното дело телесна повреда, при вршење на семејното насилство ќе се гони по службена должност, а не како до сега по предлог на оштетената или оштетениот.

Тоа значи дека дури и во случај оштетената, во било која фаза на постапката, да се откаже од кривичното гонење на насилникот, постапката нема да запре, туку ќе продолжи до донесување на пресуда.

Ја поздравувам оваа иницијатива од Владата со која покажуваме дека се грижиме за добробит на семејството, а жената станува центар на македонското општество.

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=qpMFEJsbdSk

[goog_1158012505]

https://www.swisstransfer.com/d/f8317c20-904b-4a7f-bc79-f72b18171cb3

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ