• Wednesday, 17 July 2024

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Пет авиони „Ер трактори“ и еден канадер се упатени кон Битола каде ќе интервенираат на пожарот што попладнево се активираше над обиколницата, информираа од Центарот за управување со кризи.

Претходно, Општина Битола соопшти дека пожарот над Битола е повторно активен и дека на терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. 

Овој пожар претпладнето беше ставен под контрола. На него од воздух беше делувано со пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција. 

За справување со пожарите, во земјава пристигна меѓународна помош од Турција, Србија, Хрватска... бак/

Фото: МИА архива