Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
- Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството
- Post By Сашко Димевски
- 13:02, 6 October, 2024
Марсеј, 6 октомври 2024 (МИА) - Еден 15-годишен тинејџер бил „прободен 50 пати со нож“ и „жив запален“ во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми.
Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.сд/
фото:МИА архива