• Tuesday, 01 April 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пекевски: Берово е на врвот помеѓу институциите со интегритет и без корупција

Пекевски: Берово е на врвот помеѓу институциите со интегритет и без корупција

Берово, 28 март 2025 (МИА) - Според последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, Берово е на високо место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементантација на системот за интегритет.

Информацијата ја соопшти беровскиот градоначалник Звонко Пекевски кој изрази задоволство што Берово е на врвот, помеѓу институциите со интегритет и без корупција.

-Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која  одговорно лице, односно вработените, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција, истакна Пекевски

Истражувањето според него влијае за обезбедување на доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции

-Работата и  трудот, како што додаде тој секогаш носат  резултати. Продолжуваме и понатаму да работиме, во интерес на граѓаните на Општина Берово, законито, одговорно и транспарентно, подвлече Пекевски. вс/свс/

Фото: Општина Берово