Патот Охрид - Ресен преку Галичица затворен за сообраќај
- Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, од вчера, 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштија од ЈП Македонијапат.
Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, од вчера, 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштија од ЈП Македонијапат.
Од вчера започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година, потсетуваат од АМСМ. вг/
Фото: МИА Архива