• Monday, 28 October 2024

Парламентарни избори во Узбекистан

Парламентарни избори во Узбекистан

Ташкент, 27 октомври 2024 (МИА) - Во Узбекистан денеска се одржуваат парламентарни избори на кои, во отсуство на опозициски партии, сигурно е дека ќе биде избран Парламент лојален на претседателот Шавкат Мирзијоев, и покрај некои процедурални промени направени при неодамнешната уставна реформа.

Мирзијоев владее со најнаселената земја во Централна Азија од 2016 година, стекнувајќи широка популарност преку либералните економски реформи и ублажување на драконските ограничувања на политичките, верските и медиумските слободи на неговиот претходник.

Власта во 37-милионската земја, сепак, останува во рацете на Мирзијоев, а Парламентот на Узбекистан многу ретко се противи на законите подготвени од неговиот кабинет. рп/

Фото: МИА архива