• Sunday, 22 December 2024

Папата Франциск поради настинка ќе ја води неделната молитва од резиденцијата

Папата Франциск поради настинка ќе ја води неделната молитва од резиденцијата

Ватикан, 21 декември 2024 (МИА) - Папата Франциск, погоден од тешка настинка, превентивно ќе ја води редовната неделна ангелска молитва од својата резиденција, соопшти Ватикан.

Одлуката е донесена со оглед на ниските температури во Рим и обврските на Папата во деновите пред Божиќ, се додава.

Папата Франциск се пожали на настинка за време на вчерашната аудиенцијата, а потоа беше доволно добро денеска да го одржи својот годишен божиќен говор пред кардиналите.

Папата ќе ја предаде молитвата Ангел Господов утре од капелата на ватиканскиот кварт Света Марта, каде што живее, наместо да им се обраќа на аџиите од прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар. мс/

фото: ЕПА