• Friday, 08 November 2024

Папата Франциско го отвори глобалниот католички самит познат како бискупски синод

Папата Франциско го отвори глобалниот католички самит познат како бискупски синод

Рим, 2 октомври 2024 (МИА) -  Папата Франциско го отвори денеска глобалниот католички самит познат како бискупски синод, што има за цел да ја одреди иднината на Католичката црква и вклучува 368 членови со право на глас од повеќе од 110 земји.

На мисата на плоштадот Свети Петар на отворањето на самитот, папата Франциско им порача на стотиците кардинали, бискупи и учесници да не го третираат својот придонес на едномесечниот самит како „програми што треба да се наметнат“.

„Во спротивно, ќе завршиме во дијалози меѓу глувите, каде учесниците се обидуваат да ги унапредат своите цели или планови без да ги слушаат другите“, истакна папата. зш/