Панел: Во новиот геополитички контекст да ги заштитиме националните интереси, не напуштајќи ја целта - членството во ЕУ, но зајакнувајќи ги билатералните односи со САД
- Во новиот геополитички контекст во којшто се наоѓаме, државава треба да ги заштити националните интереси, не напуштајќи ја притоа стратешката цел - членството во ЕУ, но истовремено зајакнувајќи ги билатералните односи со САД. За нашата безбедност и развој во наредните години, императив треба да биде стратешкото партнерство со САД, и да учествуваме во процесите на интеграција во ЕУ и Европа особено во областа на економијата, трговијата, безбедноста и одбраната. Ние сме дел од Европа нема што дополнително да потврдуваме и да велиме дека со прифаќање на американската резолуција за Украина во ОН сме ја промениле политиката.

You need to login to view this page en