• Saturday, 05 October 2024

Пакистан распоредува војска по улиците на Исламбад, откако полицијата употреби солзавец врз приврзаниците на Имран Кан

Пакистан распоредува војска по улиците на Исламбад, откако полицијата употреби солзавец врз приврзаниците на Имран Кан

Исламабад, 4 октомври 2024 (МИА) - Пакистанските власти денеска распореди војска во главниот град, што ќе остане во следните две недели, додека насилните демонстранти кои го поддржуваат затворениот поранешен премиер Имран Кан се судрија со полицијата откако им беше спречен обидот да влезат во градот, јави ДПА.

Војниците ќе го чуваат Исламабад меѓу 5 и 17 октомври, се наведува во известувањето на Министерството за внатрешни работи, период кога Пакистан ќе биде домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО).

На состанокот на истакнатиот регионален блок се очекува да учествуваат кинескиот премиер, рускиот заменик премиер, шефот на индиската дипломатија и неколку други лидери од Југоисточна и Централна Азија.

Самитот е редок меѓународен настан во Пакистан по речиси две децении, период во кој јужноазиската нуклеарна сила се бореше со смртоносно насилство организирано од исламистички милитанти.

-Нема да дозволиме некој да го расипе тоа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Мохсин Накви додека го посети градот со полициските началници.

Властите денеска распоредија илјадници офицери и паравоени трупи за да го запечатат главниот град со цел да ги блокираат поддржувачите на Кан да влезат во градот.

Тие ги блокираа сите влезни точки во Исламабад со транспортни контејнери, затворени училишта и суспендирани мобилни и интернет услуги, оставајќи ги улиците на главниот град пусти, додека Кан повика на нови протести за да се побара негово ослободување, пренесе ДПА.

Поддржувачите на Кан се обидоа да ги заобиколат пречките за да влезат во градот, но полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Пакистанската полиција употреби солзавец денеска во Исламабад за време на судирите со приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан кои одржуваа протести во главниот град, иако владата го забрани собирот.

Десетици демонстранти скандираа: „Ослободете го Имран!

Иако Кан е во затвор од август 2023 година, кандидатите што ги поддржа освоија најмногу места на изборите во февруари, иако нивниот број беше недоволен за формирање влада. Наместо тоа, неговите противници, предводени од премиерот Шехбаз Шариф, формираа коалициска влада.

Кан е во затвор повеќе од една година во врска со повеќе од 150 полициски случаи за кои неговите поддржувачи и партијата тврдат дека се политички мотивирани.

На поранешниот премиер му беше изгласана недоверба на парламентот во 2022 година, а беше уапсен следната година, откако судот го осуди на три години затвор за случајот за корупција.сд/

фото:ЕПА