• Friday, 19 July 2024

Пад за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа

Пад за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа

Цирих, 18 јули 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на ФИФА ранг-листа објавена денес.

„Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 72. место.

Лидер и натаму е Аргентина, пред Франција и новиот европскиот шампион Шпанија која забележа скок од пет пзоиции.

Во Топ 10 се уште и: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија. 

Следното рангирања Светската фудбалска асоцијација ќе ги изврши на 19 септември. зс/

Фото. ЕПА