• Sunday, 02 February 2025

Отворен нов спортски центар во Кавадарци 

Отворен нов спортски центар во Кавадарци 

Кавадарци, 1 февруари 2025 (МИА) - Отворен е нов спортски центар во Кавадарци во средното општинско електромашинско училиште „Киро Спанџов – Брко“, кој денеска официјално во употреба го пуштија министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. 

-Го пуштивме во употреба новиот спортски центар, простор каде младите ќе можат да спортуваат и да ги развиваат своите таленти. Со инвестиција од Министерството за спорт, Кавадарци доби фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и урбана опрема за спорт и рекреација. Продолжуваме со изградба на спортската инфраструктура низ цела Македонија, напиша министерот на Фејсбук. 

Тој подвлече дека се работи посветено за спортот, за младите и за негување на спортските вредности. свд/вј/

Фото : Фејсбук Борко Ристовски

 

You May Also Like