Општинска поддршка за битолските спортисти Христијан Илиовски-Кико, мотокрос и Ален Рустемов, бокс
- Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски додели финаниска поддршка за Христијан Илиовски-Кико, спортист со истакнати резултати постигнати како член на мото клубот „Пелистер“ и на босерот Ален Рустемов, балкански првак и македонски шампион.
![Општинска поддршка за битолските спортисти Христијан Илиовски-Кико, мотокрос и Ален Рустемов, бокс](https://mia.mk/images/20250211155114_big_730x400_58.webp )
Битола, 11 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски додели финаниска поддршка за Христијан Илиовски-Кико, спортист со истакнати резултати постигнати како член на мото клубот „Пелистер“ и на босерот Ален Рустемов, балкански првак и македонски шампион.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека на мото клубот „Пелистер“ се доделени 150.000 денари за Мото клубот „Пелистер“, со цел Христиан Илиовски-Кико и да продолжи да биде силен македонски претставник на Балкански и Европски натпревари, додека на младиот боксер Ален Рустемов доделени му се 300.000 денари, средства од буџетот на општината за 2025 година, кои денеска ги потврди и општинската Комисија за спорт.
Како што е познато, Христиан Илиевски-Кико е македонски шампион, но и трикратен добитник на наградата златна кацига. Оваа сезона во Европскиот БМУ Шампионат го освои првото место и златен медал на шампионатот.
Младиот Ален Рустемов бележи големи боксерски успеси, наскоро ќе учествува на Интернационален турнир „Странжа“, кој ќе се одржи во Софија, Бугарија, а на предлог на градоначалникот Тони Коњановски, боксерот Рустемов ќе биде вработен во Општина Битола, како лице со обврски и задолженија во спортските објекти со кои управува општината. мт/дма/
Фото: Општина Битола