Општина Центар објави јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата
- Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети.
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 март, денот кога ширум светот се слави поетскиот збор, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети.
- Во рамките на проектот се предидени содржини што ќе го спојат поетскиот израз со соодветна музичка поддршка, создавајќи автентично уметничко доживување за публиката, пишува во соопштението.
Во пишаната изјава на градоначалникот Горан Герасимовски се истакнува дека Општина Центар особено внимание посветува на проектите од областа на културата, афирмацијата на македонскиот јазик и творешвото.
- Дваесет и први март - Светскиот ден на поезијата, но и на пролетта, ќе го прославиме со стихови и музика, како што доликува. Ги повикувам сите креативци, љубители на поетскиот збор да се пријават и да ни се приклучат во организирање на овој убав настан - додава Герасимовски.
Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар, каде може да се најдат и повеќе информации за повикот. бд/дма/
Фото: Општина Центар